На фајналфорот во Купот на ЕХФ, закажан за 18 мај во францускиот град Нант, ЕХФ ќе ја тестира новата технологија за разрешување на спорните моменти при постигнување на головите. Камерата поставена на пречката на голот ќе дава целосна слика и по потреба судиите ќе можат да утврдат дали е постигнат регуларен гол. Во такви случаи натпреварот ќе биде прекинат, а судиите ќе можат да ја погледнат снимката на мониторот поставен на записничката маса. Повторените снимки нема да се користат за ниту една друга спорна ситуација.
Системот веќе е успешно тестиран на неколку меѓународни натпревари во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


