Турската полиција приведе 24 луѓе вработени во про-курдскиот дневен весник Озгур Гундем, кој оваа недела беше забранет поради сомневање дека поддржува курдски милитанти.
Со тоа, бројот на приведени медиумски работници во Турција е зголемен на 99. Таа држава според Европската федерација на новинари, стана „најголема затворска ќелија за новинари“, пренесе Танјуг.
Како што е наведено на сајтот на Озгур Гундем, најмалку 24 луѓе од редакцијата се приведени додека други добиле казна – домашен притвор. Приведени се и четири други репортери од други медиумски куќи кои известувале за полициската акција во редакцијата на весникот Озгур Гундем.
Претседателот на ИФЈ Филип Лерут изјави: – Сведоци сме на задушување на слободните и независни медиуми во Турција….Светот мора да се разбуди и да побара поддшка за правата на турските новинари и медиуми.
Претседателот на Европската федерација на новинари Могенс Бличер Бјерегард изјави: Употребата на насилство против новинари и медиумски работници е неприфатливо кога и да е, каде било и тоа што се случува со весникот Озгур Гундем е нрпифатливо. Властите ја користат моментната ситуација по неуспешниот обид за пуч да ги нападнат сите критички настроени медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.