| четврток, 6 декември 2018 |

Одлични вести: Шумахер реагира на лекувањето

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер реагира на третманот кој го добива при лекувањето, откри поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.

-Многу сум среќен и задоволен, затоа што реагира. Знам колку е силен и убеден сум дека благодарение на решителноста ќе излезе од оваа крајно тешка ситуација, изјави Лука ди Монтеѕемоло.

Шумахер настрада за време на заминување во декември 2013. година, од каде 6 месеци помина во болница во кома, по што беше преселен во својот дом во Швајцарија.

Иако неговото семејство не пренесува никакви информации за Шумахер, како ниту неговата портпаролка Сабине Кем, јасно е дека ситуацијата оди кон подобро, а тоа е вест која секој посакува да ја слушне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top