Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата за утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Јапонија.Британецот беше најбрз во квалификациите на патеката „Сузука“ и до осма пол-позиција сезонава, вкупно 80-та во кариерата беше подобар од клупскиот колега Валтери Ботас.Клучна беше стратегијата на Мерцедес во променливите временски услови,за разлика од Ферари каде двоецот Раиконен -Фетел беше далеку од посакуваните резултати.Финецот заврши на 4.место,зад Макс Ферстепен од Ред Бул,додека Фетел финишираше на 9-тата позиција.На 5 трки до крајот на сезоната,Хамилтон има 50 бодови повеќе од Фетел.Кај конструкторите Мерцедес води со 495,пред Ферари со 442 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.