
Владиката Петар, за Канал 5 телевизија ги демантира објавените информации дека бил упасен од полицијата во Мелбурн, Австралија.
– Веста за мое апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот Владика Наум и игуменот Гаврил, против кого се води црковноканонска судска постапка за расчинување, изјавил Владиката Петар.
Тој рекол дека бил во полиција по претходна покана за дело во кое бил вмешан игуменот Гаврил.
Медиумите од Австралија, утринава пренесоа дека надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


