Со најновите измени на Законот за трговски друштва ќе се зајакнуваат правата на малцинските акционери во акционерските друштва, а ќе има и продолжување на рокот за поднесување годишна сметка до Централниот регистар на големите и средните компании во земјава, изјави денеска владиниот потпарот Александар Ѓорѓиев.
На последната владина седница се усвоени пакет реформи чија цел ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата и подобрување на правата на акционерите.
– „Доколку за осум дена не се свика Собрание на акционери, или Собранието го одбие барањето, или пак во рок од 60 дена не донесе одлука, малцинските акционери имаат право да побараат назначување на овластен ревизор од надлежниот суд“, истакна владиниот потпарол.
Ќе се пролонгира и рокот за доставување годишна сметка до Централниот регистар.
– „Досега во рок од два месеци по завршување на календарската година, големите и средните претпријатија имаа обврска да поднесат годишна сметка до Централниот регистар до 28-ми февруари, а сега тој рок ќе биде продолжен до 15-ти март“, рече владиниот портпарол, додавајќи дека задолжителна е електронска форма за поднесување на годишната сметка до Централниот регистар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Од денеска стигнуваат повиски казни: Измените на Законот за безбедност во сообраќајот стапуваат на сила!
-
Собранието ги прифати законските измени за зголемување на поддршката за обесштетување од поплави
-
Измените на Законот за патни исправи ја поминаа првата фаза


