Милош Вуиќ (25) е херојот за кој зборува цела Србија, затоа што во понеделникот го ризикувал својот живот за да спаси мало девојеч. Тој на патот кон својот дом здогледал мало девојче како одеднаш истрчало од раката на совјот татко директно на улица. За работата да биде уште полоша, на улицата движел камион, а случката најверојатно ќе завршела трагично, ова момче веднаш да не се стрчало кон неа за да ја грабне и тргне од опасноста. Тој се фрлил пред камионот, го грабнал детето и заедно со него се стркалале на патот.
Една жена била очевидец на оваа драма во населбата Алексиќ во Ужице која се случила некаде околу 20.30. За среќа, на крајот двајцата завршиле до тротоарот и останале неповредени.
– Сакам да ви опишам една случка на која вечерва самата бев сведок, а се надевам дека ќе допре до што повеќе луѓе затоа што ситуацијата беше како на филм. Мало девојче кое беше со својот татко, кој го држеше нејзиниот тротинет во едната рака, се истргна од него и одеднаш истрча на пешачки премин. По лентата брзо се движеше камион, а таткото стигна само да викне по неа. Од другата страна на улицата се стрча едно момче, скокна пред камионот, ја спаси и падна до тротоарот. Луѓето кои се најдоа на местото се собраа за да помогнат, а таткото се тресеше од стрес и плачеше. Минувачите ми рекоа дека момчето се вика Милош и дека е добар човек, напишала една жителка на Фејсбук страницата Ужице огласна табла.
По ова, сите тргнале во потрага за херојот, но тој не сакал да се популаризира со неговото дело.
– Си одев накај дома кога се најдов во таква ситуација, немав избор. Кога се заврши бев многу збунет, па наместо да го продолжам патот кон дома, тргнав во спротивен правец. Паметам дека таткото ми се заблагодаруваше и сакаше да ме награди, изјавил Милош за Новости.рс кој додал дека не ни стигнал да го дознае името на девојчето кое го спасил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.