| четврток, 6 декември 2018 |

Франсоа Оланд: Засегнатите страни да се воздржат од ескалација на конфликтот во Украина

oland1

­ Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика Русија и Украина да го спроведуваат договорот од Минск и предупреди дека нови непријателски акции би ги загрозиле изгледите за одржување избори во источниот дел на Украина, се соопштува од канцеларијата на Оланд.

Францускиот претседател, по телефонскиот разговор со украинскиот колега Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел, повика на воздржување од каква и да е ескалација на украинскиот конфликт, се наведува во соопштението. Оланд повтори дека Франција не го прифаќа припојувањето на Крим кон Русија, извршено во 2014 година, порачувајќи дека никогаш нема да признае дека Москва има право на таа област.

Тој, исто така, ги повика обете страни да го почитуваат договорот за прекин на огнот, постигнат во Минск во февруари 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top