Ако живеете во помал стан, секако немате простор за голем плакар, но постои начин да направите гардеробер и без орман.
Најдобро место на кое можете да направите отворен плакар е спалната соба. Можеби не е идеално алиштата да бидат изложени на сечии погледи, а доколку ви пречи тоа, проблемот може да се реши со лесни мали завеси.
Уште една варијанта за складирање на облеката се вградените полици и ормарски шипки за закачување. Тие, всушност се составни делови на плакарите, но вие ќе ги ставите онаму каде што најмногу ви одговара и каде што нема да заземаат премногу место.
Клучот е во максималното искористување на просторот, така што ормарот ќе го разделите на повеќе места. Правилно поставени, шипките за закачување гардероба и полиците ќе бви овозможат да складирате подеднакво многу работи како да сте ги ставиле во плакар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.