| четврток, 6 декември 2018 |

Боја која треба да ја одбегнувате во спалната соба

Доминантните бои во спалната соба влијаат на нашето однесување во неа, но и нашиот сон, предупредуваат стручњаците и наведуваат дека сината, жолтата и зелената боја се „пријатели“ на квалитетниот одмор.

Од просториите во кои одмараме и спиеме треба да ги исфрлиле виолетовата, сивата и кафената боја.

При избор на боја за ѕидови во спалната соба, не е доволно да се водите од тоа која најдобро ќе изгледа. Човечкоот око содржи клетки кои се чувствителни на бои. Очите ги впиваат нијансите од опкружувањето, а потоа податоците ги пренесуваат во дел на мозокот задолжен за расположение.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека огнените црвени нијанси нема да ја разгорат страста во вашата спална соба.

Двојките во таков декор , во просек водат љубов еднаш неделно, додека луксузните карамел нијанси обезбедуваат секс три пати неделно.

Исто така, 21 отсто од двојките во чии соби доминираат сребрените нијанси се повеќе мотивирани да вежбаат во тој простор.

Така на пример, виолетовата боја, иако во вашата соба ќе внесе гламур, таа премногу ја стимулира работата на мозкот и поттикнува креативност, поради што се потешко ќе потонете во сон.

Од сите бои, токму виолетовите нијанси носат најмалку сон – пет часа и 56 минути, покажале резултатите од истражувањето.. Кафените, сивите, златните и црвените тонови во спалната соба во просек донесуваат по 6 часа сон.

Меѓутоа, „живите“ бои како сината, жолтата и зелената боја донесуваат најмногу сон и поради тоа стручњаците ги препорачуваат кога станува збор за просторот наменет за одмор и спиење.

Сината боја, тврдат стручњаците, донесува осум часа соон. Жолтата и зелената делуваат смирувачки, како и сината, а во така обоени простории ќе потонете во сон од седум ипол часа. Пожелни се и сребрените тонови и портокаловите нијанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top