Вториот дел од циклусот насловен 200 години волшебен свет на браќата Грим започнува да се прикажува во Кинотеката на Македонија од оваа сабота и ќе трае секој викенд (во сабота и недела) се до крајот на учебната година. Најмладите повторно ќе имаат можност да се дружат со ликовите од бајките на граќата Грим кои веќе 200 години ја збогатуваат нивната фантазија. Проектот е реализиран во соработка со Гете институт, Алфа телевизија и Наше маало продукција. Дечињата во овој период ќе може да ги гледаат следниве филмови: „Мачорот во чизми“, „Златокоса“, „Храбриот кројач“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


