| четврток, 6 декември 2018 |

Со својот автомобил намерно удрил војник кој помага во Стајковци

armija stajkovci

Во 8 часот и 30 минути во полиција пријавена е сообраќајна незгода на клучката кај Стајковци, во која возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. од Стајковци, удрило во војникот Х.А.

Имено, Х.A. како член на патрола на АРМ, која била поставена на горенаведеното место, на возачот на возилото му укажал дека не смее да продолжи со движење во правецот кој бил затворен поради работа на патот со механизација. Истиот не ја почитувал дадената наредба, го стартувал возилото и продолжил брзо да се движи, при што со левиот ретровизор го удрил полицаецот и го напуштил местото на настанот.

За кратко време бил најден насилникот, а полицаецот е хоспитализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top