Атлетичарката Дрита Исљами, македонска репрезентативка на ЛОИ во Рио де Жанеиро, е 45. во квалификациите на 400 метри со пречки со резултат од 1:01.18. Со ова време таа беше побавна за 16 стотинки од своето најдобро постигнување во оваа дисциплина.
Исљами беше претпоследна во втората квалификациска група, односно пред Канаѓанката Ченис Чејс, а победничка беше Полјачката Јоана Линкиевич (56.07)
Најдобро време во квалификациите постави Јамајчанката Ристанана Трејси (54.88), пред Американката Ешли Спесер (55.12) и Данката Сара Слот Петерсен (55.20).
Дрита Исљами е последната од македонските спортисти на 30. Олимписки Игри , каде што настапија двајца пливачи, двајца атлетичари и една џудистка од македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.