Хуманитарната помош во висина од 150.000 евра, која минатата недела беше најавена од Европската комисија, е значително помала од помошта што стигнува од одредени земји-членки на Европската унија, така и од земјите што се надвор од оваа заедница, анализира „Дневник“.
– Помошта за една од најголемите природни катастрофи што ја зафатила главниот град на нашата држава, дури е помала и од парите што ЕУ ги дава за одредени проекти во земјава. Сумата што ЕK ја најави е само една третина од вкупната – без малку 600 илјади евра, што Македонците сами, преку телефонски донации, фирми и слично, ја собраа за само една недела, а истовремено е и неспоредлива со донацијата на само една земја – нејзина членка, односно Австрија, која од својот буџет за поплавените делови од Македонија одвои 500 илјади евра. Црна Гора, пак, која сѐ уште не е земја-членка на ЕУ, неодамна донесе одлука да упати помош вредна 200.000 евра, а Албанија од 100.000 евра, пишува весникот.
Определувањето ваков износ на помошта доаѓа во ситуација кога во македонската јавност постои незадоволство и од висината и начинот на кој ЕУ и помогна на нашата земја во справување со бегаслкиот бран. Истовремено, пред неколку месеци ЕУ, само на Здружението на новинарите на Македонија му даде грант од висина од 200 00 евра за спроведување на проект за зајакнување на солидарноста меѓу новинарите, наведува весникот.
Поопширно во печатеното издание на ДНЕВНИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.