Генералниот сектретар на Обединети нации, Бан Ки-Мун изјави дека сака неговиот наследник да биде жена, што би било првпат од формирањето на Светската организација. Тој наведе дека за изборот на жена за генерален секретар на ОН ќе решава 15-члениот Совет за безбедност.
Досега за наследник на Бан се кандидирани шест мажи и пет жени.
– Има многу жени лидери во националните влади и други организации или во бизнисот, политиката, културата и други сфери. Нема причина да не биде така и во ОН – посочи Бан.
Нема краен рок за номинирање кандидати за генерален секретар на ОН и се спомнуваат имињата на уште две жени – германската канцеларка Ангела Меркел и еврокомесарката за буџет Кристалина Георгиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.