Зегин со своите вработени и механизција излезе на терен и помогна на најпогодените од поплавите. Механизацијата на Лозар и 150 вработени ги расчистуваат најпогодените улици и домови на погодените граѓани од Стајковци и Сингелиќ, каде неуморно им помагаат на секој дом кој има потреба од расчистување на шут.
Млекарницата „Берово“, која е во групација Зегин, уште од првиот ден на граѓаните им донираше еден тон сирење.
Воедно инцираше хуманитарни пунктови пред продавницата Здрава храна од Зегин Берово каде сите граѓани од општина Берово донираа пелени, облека, храна. Се донираа преку 2000 пакети вода со висока алкализација PH8.
-Материјалните добра нема да ги излекуваат раните од прептрпените загуби на нашите сограѓани, но се надеваме дека барем малку ќе им олесниме во основните потреби на поплавените граѓани. Уште еднаш групацијата Зегин изразува сочуство до семејствата на загинатите. Се надеваме дека овој хуман гест ќе послужи како пример и за останатите големи компании и тие да им помогнат на семејствата кои беа погодени од природната катастрофа, велат претставниците на Зегин.
Од групацијата Зегин изјавуваат дека доколку им е потребна доплнителна помош на поплавените граѓани слободно можат да се обратат до службите на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.