Во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица во ова јавно oбвинителство, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
„Согласно Законот за кривична постапка, лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, соопшти Јанева.
Од општина Центар викендов соопштија дека во вторник на распит е повикан градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, a во врска со протестите пред општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.