| четврток, 6 декември 2018 |

Има разлика: Како изгледаше Сингелиќ пред 3 дена, а како изгледа денес (ФОТО)

Пред десет дена градот Скопје и неколку села од општините Гази Баба и Илинден настрадаа од неколкучасовни обилни врнежи од дожд и град. Особено беа погодени Сингелиќ, Стајковци, Инџиково, Економија, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци. Жителите на овие населени места изгубија се што стекнувале низ животот.

Од првиот ден по невремето, надлежните почнаа со санација на последиците од невремето: потрага по преживеаните, извлекување на мртвите, хоспитализирање на повредените, испумпување на водата од домовите, дислокација на покуќнината која е стопроцентно оштетена, организирање тимови на армијата, полицијата, медицински тимови, тимови на Црвениот крст и останати хуманитарни екипи, беше извадена целата расположлива меганизација на за расчистување и ставени се во служба сите комунално­технички и пожарникарски служби.

Градежните и комуналните фирми деноноќно се на терен, а веќе ги имаме и првите слики од Сингелиќ на кои се гледа дека во поплавените подрачја полека ќе се врати животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top