| четврток, 6 декември 2018 |

По невремето испумпани 2.300.000 кубни метри вода – Груевски во посета на пумпната станица во Таор

taor

Три илјади и двесте литри во секунда вода испумпуваат пумпите на водостопанство од станицата која се наоѓа во скопско Таор. Во овие канали, каде што се наоѓа пумпната станица, се слева целата вода од скопската котлина, вклучително и од населбите што беа најмногу погодени од силното невреме.

taor2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска беше во ова село, каде што е лоцирана пумпната станица од каде што водата се исфрла во Вардар. Работат шест пумпи, 3 мали и исто толку големи.

taor3

Директорот во ЈП „Водни стопанства“, Ромео Тренов, информираше дека благодарение на пумпите тука се исчистени каналите, со што се спречила поголема катастрофа по силното невреме. Според Тренов, од неделата, ден по невремето, досега испумпани се 2.300.000 кубни метри вода. Тој нагласи дека толкава количина на вода не е забележана од 1925 година.

taor4

Груевски се интересираше за тоа дали досега дошло до застој и дали се внимава на одржување на пумпната станица, по што му беше одговорено дека се работи во три смени. Тој додаде дека е неопходно одржување на каналите.

taor5

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој присуствуваше на настанот, посочи дека сѐ уште има градежна механизација на терен во деловите што беа зафатени од поплавата, како и дека активно се работи на расчистување на поплавените подрачја.

taor6

taor7

taor8

taor9

taor10

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top