| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва престанува забраната за движење низ шумите

Вечерва на полноќ престанува да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси која беше воведена на 6 јули како превентивна мерка за заштита од пожари.

Од ЈП „Македонски шуми“ наведуваат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени дека има потреба, ќе биде дополнително воведена и јавноста ќе биде информирана.

Ограничувањето за движење во шумите важеше за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне. По 17 часот беше дозволено заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ограничувањето не важеше за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претсваник од ЈП „Македонски шуми“ или националните паркови. Завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која, исто така, беше воведена на 6 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top