| четврток, 6 декември 2018 |

Му одѕвони на Сорос, хакери провалиле во неговите тајни документи

soros

Хакери објавија над 2.500 документи на Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос, во кои се откриваат плановите за работа, стратегиите, приоритетите и другите активности на Сорос и опфаќаат извештаи за европските избори, миграцијата и азилите во Европа.

Зад објавувањето на документите стојат американски активисти кои сакаат да ја претстават вистината за „процесот на донесување одлуки во САД, како и за клучните елементи за американскиот политички живот.
За американските експерти за безбедност виновни за протекувањето на податоците се руски хакери.
Документите се групирани по секции, како што се географските подрачја, Светската банка и Канцеларијата на претседателот на САД и се за периодот од 2008 до 2016 година.
Хакери објавија и електронска пошта на поранешниот командант на НАТО, генерал Филип Бридлав, од која се гледа неговиот обид да го испровоцира американскиот претседател Барак Обама да почне судир со Русија. Бридлав изјави дека украдената е-пошта била дел од државната разузнавачка операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top