На 14.08.2016 година во 19.35 часот во СВР Битола С.Ш. (39) од с. Ивањевци, Битолско, пријавил кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено, на 13.08.2016 година, додека пријавителот бил во кафеана во с. Ивањевци, околу 19 часот, му пришле три лица. Меѓу нив било лицето Д.Н. од с. Чарлија, од кого С.Ш. имал позајмено 30.000 денари, лицето З.Н. и уште едно непознато лице, кои му предложиле да излезат надвор и да поразговараат. С.Ш. доброволно се качил во возилото „БМВ“, најверојатно сопственост на З.Н., и се упатиле во с. Долно Оризари, во куќа каде што З.Н. престојувал под кирија.
Тогаш Д.Н. го фатил С.Ш. за врат, го извадил од возилото и физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на телото и со ножици му ја сечел косата, воедно барајќи да му ги врати парите кои му ги должел. Притоа му одзел 1.600 денари. Наредниот ден Д.Н. му дал рок на С.Ш. до 15.08.2016 година до 12.00 часот да му донесе 90.000 денари, во спротивно ќе го убиел. Потоа, З.Н. со возилото го вратил во с. Ивањевци. СВР Битола презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.