| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец го казнил својот командир со 800 евра – правилата важат за сите

poli

Полицаец од Полициската станица во Охрид, распореден на работа како сообраќаец, казнил свој командир за сообраќаен прекршок „претекнување на полна линија“ и управување со нерегистрирано возило – јавува Охрид 1 повикувајќи се на свои извори во полицијата.

Според информациите што ги објави порталот, сообраќајниот полицаец го казнил својот командир со глоба од 800 евра.

„Охрид 1“ пишува дека случајот е евидентиран, сослушани се сведоци, предаден е записник во полиција и сега се чека институционалната разврска.

Според тоа што било констатирано, командирот своето возило не го имал регистрирано цели три години, пишува „Охрид 1“.

Казната за командирот е 800 евра и од 3 до 12 месеци забрана за управување со возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top