Во Тирана е уапсен македонскиот државјанин И.А. баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во ИД. Потерницата по И.А. (46), жител на Гостивар, била распишана пред една година, но тој нашол засолниште во Тирана.
Уапсен е од припадниците на секторот за антитероризам, јави тиранската телевизија „Ора њус“. Истиот извор наведува дека тој пред една година успеал да избегне апсење во Македонија и од тогаш, најверојатно, се криел во Тирана. Неговата идентификација и апсење се реализирани врз основа на размената на информации на тајните служби на двете земји.
Во подолгата истрага биле вклучени и тајни служби на западните земји. Преметот е доставен до Обвинителството на судот во Тирана, кој треба да ја реализира процедурата за негова екстрадиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.