Усаин Болт продолжи да испишува историја откако стана првиот атлетичар кој стигна до три олимписки злата во низа на трката на 100 метри. Големиот ас од Јамајка бавно ја стартуваше финалната трка, но уште еднаш ја потврди големината успевајќи да стигне прв на целта, оставајќи го зад себе големиот ривал Џастин Гетлин. Болт по трката не го криеше задоволството, но исто така и не искажуваше преголема еуфорија, свесен дека целта на овие Олимписки игри се уште не е остварена, бидејќи му преостануваат уште две трки, онаа на 200 метри и штафетата 4х100 метри.
– Некаде прочитав дека по завршувањето на Игрите во Рио ќе станам бесмртен. Уште два медали и ќе можам да се простам, ќе станам бесмртен. Во финалето на 100 метри не бев совршен, но си ја завршив работата, освоив злато и горд сум на својот успех. Очекував дека ќе бидам уште побрз, но на крајот важен е само крајниот исход. Останете крај мене, планирам уште две злата – изјави Болт по новиот олимписки медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.