| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо ме допираше пред сестра ми – притвор за старецот што се сомничи дека сакал да ги обљуби внуките

napad

-Дедо нѐ однесе на таванот за да ни покаже нови играчки. Мене ме допираше и ми велеше дека ми се убави гаќичките, а на сестра ми да биде добра и да си игра. Ми рече да клекнам, но јас не сакав – вака во полиција во присуство на мајка си раскажало петгодишно девојче, кое наводно дедото Р.М.(63) го терал орално да го задоволи.

Својот татко во полиција во Пожаравац го пријавила ќерката Д.М. Таа во пријавата напишала дека на таван го затекнала својот татко со спуштени панталони. До него стоеле нејзините ќерки од 4 и 5 години.

napad3

Според нејзините тврдења, татко ѝ бил во пијана состојба кога се обидел да ги обљуби девојчињата. Дедото Р.М. во полиција се колнел дека не е крив и дека ништо не им направил на внуките.

Дека Р.М. не е виновен тврделе и неговата сопруга, син и снаа кои живеат во иста куќа.

Од друга страна, соседите на ова ова семејство ѝ веруваат на неговата ќерка бидејќи слушнале дека пред 3-4 месеци сексуално вознемирувал 14-годишно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top