| четврток, 6 декември 2018 |

Фелпс: Ова е последно, не се враќам веќе

majkl felps

Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс, најави дека по завршувањето на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро и дефинитивно заминува во пензија. Така беше и Лондон, па се премисли, дојдеа во Рио и нанижа нови четири златни медали и стигна до бројката од 23, или вкупно 28 медали на ЛОИ. Сега вели дека во Токио дефинитивно нема да биде во базенот.

– Завршив. Чад ле Клос ме праша при наградувањето, а фановите скандираа „уште четири години“. Го направив истото и во Лондон. Но, не, нема да продолжам уште четири години и овојпат е навистина крај. Ќе си го зачувам зборот – изјави Мајкл Фелпс.

Американецот ремизира дека направил се што е можно, а можеби и повеќе од тоа, освојувајќи толку многу олимписки медали.

– Јас ќе бидам во Токио, сигурно. Но, нема да бидам во базенот и да се натпреварувам. Успеав да направам се што е можно во овој спорт. Тоа се 24 години поминати во базените. Сега времето ќе го минувам со Никол и со Бумер – заврши Мајкл Фелпс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top