| четврток, 6 декември 2018 |

САД први во историјата до 1.000 медали на Летните Олимписки иги

sad stafeta

Спортистите на Соединетите Американски Држави во Рио стигнаа до фамозната бројка од 1.000 освоени медали во историјата на Летните Олимписки Игри. Јубилејниот медал за САД го освои женската штафета 4 х 100 метри мешано, во состав Кетлин Бејкер, Лили Кинг, Дана Волмер и Симоне Мануел. Тие ја испливаа делницата за време од 3:53.15 минути.

Второто место и припадна на Австралија, додека третата позиција и бронзениот медал го освои штафетата на Данска.

Што се однесува до медалите, Русија е втората најуспешна земја во историјата, но има „само“ 401 медали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top