| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжение од МТСП: Погодените од поплавите уште 5 дена да се ослободат од работа

trud-socijala-300x172

Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата на Република Македонија од седницата одржана вчера, известува дека се задолжуваат сите органи на државна управа а се укажува односно препорачува на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016 (понеделник) до 19.8.2016 (петок) вработените во поплавените подрачја, односно оние кои живеаат во Стајковци и Синѓелиќ.

Исто така се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top