| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахими: Владата ќе одлучи дали ќе го продолжи рокот за привремено сместување на лицата чии домови беа поплавени

­

ibrahim ibrahimi

Владата на наредната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика, кој ќе се темели врз основа на извештаите на екипите на Центарот за социјална работа, ќе донесе одлука дали и за кого ќе биде продолжен рокот за сместување во „Сенич“ и „Партение Зографски“ на лицата на кои во поплавите им беа оштетени домовите.

– Испративме екипи од Центарот за социјална работа да отидат на лице место и да утврдат кои од лицата имаат услови за враќање, кои не, така што ќе поднесеме предлог до Владата и таа да одлучи што понатаму. Но, нашата намера не е да ги оставиме лицата на улица бидејќи огромен број од нив примиле надоместок, односно обесштетување, а се уште не презеле никаков исчекор во делот на средување на условите. Сепак, оставаме на Владата да одлучи дали и до кога ќе го продолжи рокот за сместување во „Сениќ“ и во „Партение Зографски“, изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека седница на Владата ќе се одржи денеска или утре.

Toj додаде дека оние што веќе имаат услови ќе треба да се вратат, а оние коишто немаат, како што рече, МТСП ќе иницира, односно ќе даде предлог до Владата за пролонгирање на нивниот престој во објектите каде што се сместени.

По поплавите во август минатата година, Владата одлучи лицата кои немаа услови да останат во своите домови да бидат сместени во одредени објекти не подолго од 180 дена, а оштетените имаа можност да аплицираат за средства од државата за санација на штетите во домовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top