Летачкиот автомобил ќе има опција за автоматско управување нешто слично на комерцијалните авиони, дури и понапредно затоа што идејата е управувањето со автомобилот да биде максимално автоматски. Максималната брзина што може да ја постигне автомобилот ќе биде 200 километри на час, а со едно полнење со него ќе можете да прелатате околу 800 километри.
Производителите на автомобилот Terrafugia TF-X велат дека возилото-летало ќе биде подготвено за продажба во следните 8 до 12 години, но заинтересираните веќе може да си нарачаат еден примерок.
Задоволството ќе ве чини 279.000 долари. Тие ветуваат дека со нивната нова технологија ќе се подобри безбедноста во авиосообраќајот и ќе се отвори нова димензија во личната слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






