| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Добивме информација дека СДСМ се подготвува за локални избори

Премиерот Никола Груевски вели дека е подготвен да свика лидерска средба доколку на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во која влегол. Црвенковски, смета Груевски, е прилично изолиран во неговите намери за бојкот на локалните избори

gruevski– Доколку во еден даден момент на господинот Црвенковски му треба  излезно решение од ситуацијата во  којашто влезе, ако почувствуваме каква било потреба за една средба помеѓу нас, јас нема да се двоумам и ќе повлечам чекор во тој правец- изјави Груевски.

Тој информираше дека од терен од  комитетите од ВМРО-ДПМНЕ добиваат информации оти комитетите на СДСМ активно работат на подготовка за локалните избори и насекаде зборувале  дека претставниците кои им доаѓаат од раководството во Скопје им укажувале оти локални избори ќе има и дека СДСМ ќе учествува.

Тоа, според Груевски, говори дека господинот Црвенковски е прилично изолиран во неговите намери да го отстрани СДСМ од учество на локалните избори, веројатно придружуван од  два-тројца луѓе од раковдоството.

– Другите луѓе од раковдството одат на терен  и ги информираат нивните комитети да се подготвуваат и да работат затоа што тие цврсто веруваат дека СДСМ ќе учествува  на локалните избори- изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top