Кримската обвинителка Наталија Поклонска го обвини Киев за кукавичлук поради одбивање да го признае подготвувањето на диверзија на Крим.
-Сето тоа одговара на сегашното злосторничко лице на раководствотто во Украина. Тие уште од самиот почеток, кога дојдоа на власт по пат на државен удар го покажаа своето право лице и сега го потврдуваат својот кукавички став. Немаат дури ни храброст да признаат дека тоа го направиле – изјавила Поклонска.
Таа укажала дека секој обид за дестабилизација на Крим ќе биде голема грешка за иницијаторите.
-Ние и понатаму ќе ја браниме татковината. Непријателот нема да пројде-порачала Поклонска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.