Луѓето кои јадат чоколадо барем еднаш на ден, покажале подобри резултати на тестовите за когнитивни способности од оние кои го консумираат ретко. Ова го покажува истражувањето на Универзитетот во Мајна, Универзитетот во Јужна Австралија и Институтот за здравјето во Луксембург.
Во истражувањето учествувале 968 лица на возраст од 23 до 98 години. Научниците сметаат дека редовното конзумирање какао може да е еден од неколкуте фактори за објаснување на когнитивните придобивки на чоколадото. Тие тврдат дека ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетес тип 2 е помал кај луѓето кои редовно консумираат чоколадо. Научниците утврдиле дека идните истражувања ќе обезбедат дополнителен увид за односот на чоколадото, богат со какао флаванол, психолошкото здравје и механизмите кои ги поврзува. Тие сметаат дека во идните истражувања ќе биде важно да се проучат оптималните количини за конзумирање чоколадо со цел краткорочни и долгорочни ефекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.