| четврток, 6 декември 2018 |

Наковска-Бикова и Каранфиловски ги запалија моторите

paraolimpijci

Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, македонските параолимпијци во стрелаштво, кои веќе имаат медали од ова натпреварување заедно со селекторот Бранимир Јовановски ги започнаа завршните подготовки за учество на Параолимписките игри во Рио следниот месец.

Последното темпирање на формата пред заминувањето за Бразил, споменатиот двоец го има во Охрид, каде тренираат двапати на ден со времетрање од шест до осум часа.

Оливера Наковска-Бикова, која има злато од последните игри во Лондон и Ванчо Каранфилов, кој е носител на среброто од Атина 2004 година, на пат за Рио заминуваат на 30. август, за да веќе на 7. септември присуствуват на свеченото отварање на „Маракана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top