Притвор од триесет дена за тренер по стрелаштво од Кавадарци изрече надлежниот Основен суд од Велес откако во средата во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци бил пријавен за полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци.
Според СВР Велес, станува збор за 67-годишниот Б.П. кој бил тренер на девојчето.
– Според пријавителите, во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката, а последен пат во средата дента околу 18.00 часот, информираат од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека случајот е документиран во ПС ОН Кавадарци и е доставен до Основно јавно обвинителство Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.