Екипата на Гент одигра 1-1 на гостувањето против Шарлроа, во „генералката“ што екс-шампионот на Белгија ја имаше пред претстојниот натпревар со Шкендија во плејофот за влез во Лигата на Европа.
Гент и на второто гостување сезонава не успеа да стигне до цел плен, ремизирајќи со идентичен резултат како и на претходниот дуел со Кортријк. Нето постигна гол за ривалот на Шкендија да дојде во водство во 58. минута, но домаќините тргнаа во офанзива и стигнаа до реми со погодокот на Полет во 70. минута.
Само за потсетување, првиот натпревар меѓу Гент и Шкендија ќе се игра в четврток во Белгија, а реваншот е закажан за седум дена подоцна на националната арена „Филип втори“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.