| четврток, 6 декември 2018 |

Одвратни пораки: Педофил намамувал девојче, мајка и го „улови“ за полицијата

66 годишниот Драган Ж. од Белград  е уапсен во белград откако во соработка со полицијата го фати мајка на девојче од 11 години, со кое преку Фејсбук се обидувал да договори „дружење“.

Мајката во договор со полицијата продолжила да го мами педофилот, а допишувањето траело една недела.

– Ме прашувашпе каде и со кого живеам, му реков дека живеам близу Панчево во мало место и дека имам само мајка. Инсистираше да му пратам мои голи слики, но се извлеков со тоа дека телефонот ми е лош и дека немам блиц- раскажува мајката.

Со време, педофилот бил се поупорен.

-Една вечер ми се јави, а разговорот го слушаше и мојот сопруг, кој што едвај се воздржа да не замине во Белград да го убие. „Болниот“ ми раскажа дека ќе ми купи нов телефон, а за возврат ќе мора да го „одработам“ два пати- вели мајката на малото девојче.

pedofil porakiТаа додава дека манијакот и рекол дека некои девојчиња кај него доаѓале сами, но и дека некои со себе ги воделе и мајките и бабите.

-Сакав да му ја скршам главата. Ми рече дека првата жртва му била девојче од осум години, која му ја донела нејзината постара сестра. Додека сексуално се изживувал девојчето плачело, а сестра и ја смирувала. Повраќав од мака- раскажува жената.

Оваа храбра жена се јавила в полиција и во соработка со неа закажала состанок со педофилот.

Сега му е одреден 30-дневен притвор.

-Бев убеден дека разговарам со постара жена, а не со дете. Никогаш така не би зборувал со девојче- се правдал педофилот кај јавниот обвинител.

Сепак потврдил дека пронајдениот педофилски материјал во негоиот компјутер е негов, но дека фотографиите ги зачувал „од  љубопитност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top