| четврток, 6 декември 2018 |

Остана со една патика па со жалба стигна до финалето

etenes diro

Атлетичарката од Етиопија, Етенеш Диро, ги освои симпатиите на спортската јавност во Рио де Жанеиро, откако истрча голем дел од трката на 3.000 метри стиплчес само со една патика.

Диро го извлече подебелиот крај при еден мал судир со уште две атлетичарки, кога се соочи со проблеми со патиката на десната нога. Таа беше принудена за момент да застане, а откако не успеа да ја облече реши да ја фрли патиката. Нешто подоцна проблем и создаваше чорапата, па Етиопјанката беше принудена повторно да застане да продолжи боса на десната нога.

Двете застанувања скапо ја чинеа Диро, која ја заврши трката како седмопласирана. Ваквиот пласман значеше и нејзино неучество во финалето, но делегацијата на Етиопија заедно со уште две федерации поднесоа жалби, се со цел таа да се бори за медал во големото финале, нешто што со квалитетот, но и со спортскиот дух што го покажа апсолутно го заслужува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top