| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Јас сум лидер на најголемата партија, имам одговорност да помогнам на народот и затоа сум на терен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Сител телевизија истакна дека секогаш е спремен да излезе на терен и да им помогне на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

-Прво ќе кажам дека ако не координирав и не излегов на терен, критиката ќе беше зошто не сум излегол и не сум помогнал. Ако излезам и помогнам, зошто сум излегол и помогнал. Тоа е секогаш така со нашата опозиција и со медиумите блиски до нив. Она што сакам да го истакнам е дека јас сум претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, којашто на последните избори доби 480.000 гласови. Во кампања и во избори кои лично ги предводев како претседател на таа партија и имам одговорност покрај тоа што имам искуство во вакви ситуации, да помогнам, да излезам на терен со сето мое знаење, капацитет и искуство што сум го стекнал досега, да не седам пасивен и да бидам тука со идеи и со предлози и со се што можам и на начин на којшто можам да помогнам. Се вклучив и директно, како и илјадници други луѓе на кои сум им благодарен за тоа што го прават и исто така изразувам огромна благодарност до компаниите кои помогнаа со механизација и разни машини. Се вклучи АРМ, полицијата на Република Македонија, градоначалниците со нивните комунални претпријатија, градот Скопје со комуналните претпријатија… широк опсег на помош од сите страни кој јас и моите соработници од ВМРО-ДПМНЕ се трудевме максимално да го поттикнеме, да ги мотивираме луѓето да излезат. Моето директно вклучување во расчистување на куќи, дворови и подруми беше и еден вид повик и другите да го прават тоа, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top