| четврток, 6 декември 2018 |

Европол ќе бара џихадисти меѓу имигрантите во Грција

Европската полициска служба – Европол заедно со грчките власти ќе дејствуваат за пронаоѓање членови на Исламска држава во мигрантски кампови во Грција.

Иницијативата на Европол ќе започне кон крајот на месецов и ќе се вршат строги контроли со цел да се пронајдат евентуални терористи од Сирија и Ирак.

Минатата година австриските власти уапсија двајца мажи, осомничени за поврзаност со огранок на ИД, кој планирал и извршил координирани напади во Париз во ноември 2015 година. Според тврдењата, и двајцата осомничени влегле во Грција со фалсификувани сириски пасоши, а подоцна пристигнале во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top