| четврток, 6 декември 2018 |

За настраданите подрачја: ЗК Пелагонија ќе донира 100 тони сточна храна

ЗК Пелагонија АД Битола соопшти дека ќе донира 100 тони сточна храна, наменета за сточарите од настраданите подрачја, чии залихи беа уништени во невремето.

Во наредните десет дена компанијата секојдневно ќе доставува по 10 тони храна во погодените подрачја, а доколку е потребно акцијата ќе продолжи и во наредниот период, односно сѐ до стабилизација на состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top