| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралицата на спортовите“ започна со уривање на светски рекорд стар 23 години!

Прв ден и веднаш светски рекорд на натпреварите во атлетика на Летните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро. Во женското финале на 10.000 метри познато беше дека атлетичарките од Етиопија се главни кандидати за златото, но никој не очекуваше светски рекорд.

Младата Алмаз Ајана е нова олимписка шампионка и светка рекордерка со време 29:17.45. Ова време е за 14 секунди подобро од светскиот рекорд кој стоеше уште од 1993 година. Никогаш досега на оваа делница светскиот рекорд не бил подобрен за толку многу време која досега го држеше кинската атлетичарка Јунгсја Ван.

almaz ajana 1

Сребрениот медал го освои Вивиен Јепкемој Черујот од Кенија, а Тирунеш Дибаба од Етиопија е бронзена. Остананатите финални дисциплини на првиот атлетски ден започнуваа во 2.00 часот по полноќ по средноевропско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top