| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Клинтон си ја отвори душата: Хилари погреши

klinton hilari

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон изјавил дека Хилари погрешила во тоа што додека била државен секретар го користела приватниот сервер за праќање на доверливи имејл пораки. Тој признал дека неговата сопрува згрешила, иако истото тоа го правеле и нејзините претходници во Стејт Депарментот. Како што додал тој, Хилари требало да знае дека за неа ќе се применуваат поинакви правила доклу се кандидира за претседател на САД, пренесе агензијата АП.

Поранешниот претседател синоќа на форум организиран од здружението на азиско-американските новинари во Лас Вегас истакнал дека на дипмломатие во времето на праќање на имејл пораките, не им ни паѓало на памет дека треба да се грижат за нивната доверливот и содржина. Тој додал дека скандалот со нејзиниот приватен сервер не треба да бида причина за загриженост и за националните безбедносни служби да на ја поддржат кандидатурата на Хилари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top