| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Клинтон се обиде да „го собере“ легендарниот бенд „Лед Цепелин“

Бил Клинтон е многу успешен човек и беше успешен и како претседател на САД, но направи потег кој не му успеа и може да го смета за дипломатски неуспех. Тој се обиде да „го собере“ легендарсниот бенд „Лед Цепелин“, но не му успеа.

bil klinton

Како што јави „Си-би-ес“, тој се обидел да ги наговори поранешните членови на групата „Лед Цепелин“ барем на кратко да се обединат и да отсвират неколку свои песни во Њујорк. Приходот од овој настан би бил за хуманитарни цели, како помош за настраданите во ураганот „Сенди“. Тој ги замолил членовите на бендот, но тие не се согласиле.

Преживеаните членови на „Лед Цепелин“ последен пат свиреле јавно во Лондон 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top