По налог на грчката влада, попладнево во Македонија ќе биде доставен првиот дел од помошта на Грција за катастрофата предизвикана од поплавите на 6 август, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните со помош на противпожарната служба испраќа пет преносливи пумпи и пет генератори за да им помогне на луѓето погодени од поплавите.
Грчкото МНР уште соопшти дека во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита и македонското Министерство за внатрешни работи за дополнителна помош, која на македонските власти им е потребна за да се одговори на потребите на погодените во поплавите.
Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ, донацијата од Грција ќе пристигне околу 16.30 часот.
Донацијата ќе ја предаде заменик-амбасадорот од амбасадата на Грција во Скопје, а на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат и претставници од Владата на Република Македонија. Ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населбата Аеродром каде што се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.
– Со ова почнува пристигнувањето на очекуваната помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, чијашто членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување – посочуваат од Дирекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција