Во изминатиот период таблоидите објавија дезинформација дека Џенифер Лопез го очекува своето трето дете и дека планира да стапи во брак со 29-годишното момче Каспер Смарт.
Но, вчера менаџерот на 47-годишната пејачка, Бени Медина, за сајтот ТМЗ ги демантираше гласините дека таа е бремена и ги нарече 100 проценти неточни. Медина сподели фотографии од Лопез, направени по нејзиното шоу во Лас Вегас.
-Дали ви изгледа како да е бремена? – запраша тој.
На фотографиите, славната музичка ѕвезда е облечена во портокалова комбинација со краток горен дел. Изразените стомачни мускули на Лопез само го потврдуваат кажаното од нејзиниот менаџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.