| четврток, 6 декември 2018 |

„Трофеј Македонија“ повторно во Скопје, репрезентацијата ќе спарингува со силни противници

reprezentacija makedonija kosarka

Трите контроли на турнирот ќе бидат единствените што сениорската репрезентација ќе ги има на свој терен во подготвителниот период.

Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе им биде Црна Гора која досега одигра четири контролни средби и извојува четири победи. Во многу силниот состав на селекторот Богдан Тањевиќ на последниот меч со Швајцарија беа плејмејкерот Дерек Нидам како натурализиран, НБА-ѕвездата Никола Вучевиќ, како и Бојан Дубљевиќ, Немања Врањеш, Владимир Дашиќ, Суад Шеховиќ, Никола Ивановиќ, Петар Поповиќ, Немања Павличевиќ, мега талентот Дино Радончиќ, Марко Тодоровиќ и Немања Ѓуришиќ.

Пред да ја надигра Швајцарија, Црна Гора трипати лесно славеше и над Унгарија, еден од нашите ривали во квалификациската група.
Во второто коло од скопскиот турнир, екипата на селекторот Драган Раца ќе се сретне со незгодната Белгија, национален тим кој ни беше ривал во квалификациите за ЕП 2015. За крај, Македонија ќе игра против уште еден атрактивен противник, тоа е Словенија која е предводена од еден од најдобрите европски бекови кои настапуваат во НБА-лигата, Горан Драгиќ.

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА

ПРВО КОЛО, 17 АВГУСТ

16.30: БиХ – Белгија
19.00: Македонија – Црна Гора

ВТОРО КОЛО, 18 АВГУСТ

18.00: Црна Гора – БиХ
20.30: Белгија – Македонија

ТРЕТО КОЛО, 19 АВГУСТ

18.00: Црна Гора – Белгија
20.30: Македонија – БиХ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top