| четврток, 6 декември 2018 |

Хакан Шукур под обвинение дека соработувал со терористичка организација

hakan sukur

Обвинителството од Сакарија, во северозападна Турција, издаде налог за апсење на најдобриот турски фудбалер во историјата и пратеник Хакан Шукур и на неговиот татко, кои се осомничени за членство во терористичка организација, јави турската телевизија НТВ.

Налогот е издаден во рамки на истрагата против лица поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Хакан Шуќур минатата година заедно со семејството замина да живее во САД. Доколку тој сега не се врати во Турција, по него ќе биде издадена меѓународна потерница.

Шукур во Турција е обвинет и за навреда на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. За тој случај Обвинителството бара пресуда меѓу една и четири години затвор за поранешната фудбалска ѕвезда на Турција. Според обвинението, Шуќур го навредил Ердоган со коментари, објавени на 15 февруари минатата година на „Твитер“.

На парламентарните избори во 2011 година Шукур беше избран за пратеник од Истанбул од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, а неговото име беше спомнувано и како можен министер за спорт. Тој се повлече од партијата во декември 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top