| четврток, 6 декември 2018 |

Прв позитивен допинг-тест на ОИ во Рио

doping kontrola

Бугарската атлетичарка Силвија Дaнeкова е првата спортистка на Олимписките игри во Рио де Жанеиро што е суспендирана поради позитивен допинг-тест.

Таа требаше да се натпреварува во дисциплината 3.000 метри стиплчес, но по извршената допинг-контрола на 27 јули во А-примерокот е пронајдена забранетата супстанција еритропоетин која ја подобрува работата на срцето и белите дробови и овзоможува внесување поголемо количество кислород при поголеми физички напори.

danekova

Денакова е суспендирана сѐ додека не дојдат резултатите од Б-примерокот. Натпреварите во атлетика почнуваат денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top